Име: ГАП Анализа и усогласување со новиот Закон за заштита на лични податоци во Халкбанка АД Скопје
Клиент: Халкбанка АД Скопје
Времетраење / период: 3 месеци, Јуни 2021 година - Август 2021 година
А1: Изработка на ГАП анализа
A2: Усогласување на документацијата од системот за заштита на лични податоци согласно одредбите од новиот Закон
А3: Изработка на документ со опис на операциите во кои има обработка на лични податоци за потребите на заштитата на лични податоци
А4: Изработка на документ во кој се одредува методолошкиот пристап на компанијата за вршење на проценка на ризик врз правата и слободите на субјектите при обработката на лични податоци.
А5: Спроведување проценка на влијанието на заштитата на лични податоци (ПВЗЛП):
- Иницијална (ПВЗЛП)
- Целосна (ПВЗЛП)
А6: Спроведување обука за подигање на свеста на вработените и запознавање со концептите на заштита на лични податоци и обврските на вработените за заштита на личните податоци.
Р1. ГАП анализа и акциски план за усогласување со новиот Закон за заштита на лични податоци.
Р2. Документација, усогласена согласно одредбите од новиот Закон и подзаконски акти, кој е на сила од Февруари 2020 година.
Р3. Евиденција на операции за обработка на лични податоци.
Р4. Методологија за ПВЗЛП (Проценка на влијанието на заштитата на личните податоци)
Р5. Спроведени проценки:
- Иницијална проценка на влијанието на заштитата на личните податоци за операциите во кои има обработка на лични податоци
- Целосна проценка на влијанието на заштитата на личните податоци за операциите каде има обработка на специфични категории на лични податоци, со опис на мерки за ублажување на ризиците од средно и високо ниво
Р6. Обука за вработени.