Име на проектот: Истражување за дигитализацијата во Северна Македонија и цели за одржлив развој
Клиент: Акцелераторска лабораторија на УНДП во Северна Македонија
Времетраење / Период: 15 ноември - 15 декември 2021 година
Општата цел на задачата е да се изработи истражувачки извештај со цел да се разберат процесите на дигитализација во Северна Македонија, да се идентификуваат локални решенија кои добро функционирале, како и да се разгледаат идните препораки.
- Краток преглед на процесот на дигитализација во Северна Македонија
- Истражување како се одвиваат процесите на дигитализација во земјава.
- Идентификација на клучните постоечки напори за дигитализација што ги спроведува владата и другите меѓународни организации и субјекти.
- Идентификација на клучните засегнати страни (институции, организации и донатори) кои моментално работат на областа на дигитализацијата, проектите што се во фаза на подготовка, како и нови можности.
- Мапирање на решенија во процесите на дигитализација
- Идентификација и анализа на најдобрите практики за обезбедување јавни дигитални услуги предводени од приватниот сектор и граѓанските организации, причините за нивниот успех, како и потенцијалот за нивно реплицирање, можни партнерства и приспособливоста на тие решенија.
- Групирање на идентификуваните интервенции врз основа на нивото на кое тие се однесуваат: напорите на централната или локалната власт.
- Подготовка на листа за проверка за одговорностите на општините кои произлегуваат од развојот на централната власт во дигитализацијата. Врз основа на таа листа за проверка, идентификација на решенија кои ги исполнуваат стандардите и можат да се реплицираат.
- Препораки за политика
Врз основа на наодите од истражувањето:
- Преточување на наодите од истражувањето во конкретни препораки за политики како да се подобри процесот на дигитализација во Северна Македонија.
- Дизајн на оперативна хипотеза која би можела да се тестира како експеримент од креаторите на политиките во областа на дигитализацијата