Во текот на месец декември 2022 тимот на ТП Консалтинг одржа неколку обуки за подигнување на свеста за заштита на лични податоци за вработените во Мајорел Северна Македонија, како дел од проектот за имплементација на новиот закон за заштита на лични податоци.
На обуките беа презентирани основните барања и принципи за заштита на лични податоци, како и обврските на вработените за претпазливо користење на личните податоци во секојдневните активности.