Услуги
февруари 15, 2021

Мисија на нашиот Центар на знаење ИТ Владеење

Центарот на знаење – ИТ Владеење е насочен кон трансфер и прилагодување на најдобрите пракси поврзани со безбедноста на информациите, управување со ИТ услуги, квалитет и континуитет во работењето преку градење на професионалните капацитети, учество во проекти за Истражување и Развој и разновидни соработки на интернационално ниво.

Историја

Со цел да одговориме на порастот на значењето кое информациите го имаат за бизнисот, како и зголемувањето на заканите на кои е изложена една организација во тој поглед, Т&П во 2004 година го формираше својот Центар на знаење – ИТ Владеење. За градење на свеста кај своите клиенти за потребата од безбедност на информации, консултантите од Т&П и неколку соработници го иницираа Клуб 17799 како собирно место и форум за дискусии. Од 2006 Центарот на знаење го прошири  својот делокруг вклучувајќи неколку дополнителни области, како:

  • Управување со ИТ услуги  – имплементација на ИТИЛ најдобри пракси и стандардот  ИСО 20000 за Управување со ИТ услуги
  • Континуитет во работењето – имплементација на препораките дефинирани во стандардот ISO 22301 за Управување со континуитетот на работењето

Во наредните години, Центарот на знаење во Т&П работеше на реализација на обуки и имплементација на системи за управување со безбедност на информации според ИСО 27001, и други системи како Систем за управување со ИТ услуги базиран на ИСО 20000 и ИТИЛ, Систем за управување со квалитет базиран на ИСО 9001, Управување со континуитет во работењето базиран на ISO 22301, и т.н.
Безбедноста на информациите претставува заштита на Доверливоста, Интегритетот и Достапноста на пишаните, изречените и електронските информации. Уште од почетокот на пишувањето, луѓето ја сфатиле неопходноста од заштита на информациите. Во денешно време, кога скоро се зависи од Информатичката технологија, управувањето со безбедноста на информациите и управувањето со ИТ услугите се неопходни.

Услуги

Центарот на знаење – ИТ Владеење на Трајковски и Партнери е дел од Трајковски & Партнери Консалтинг посветен на Приватни компании (МСП и големи корпорации), Јавни институции и Невладини организации. Имајќи го ова во предвид, ние ги развивме следните услуги со цел да понудиме решение за потребите на нашите клиенти.

 

Мисија на нашата Менаџмент академија

Успехот на организациите зависи од успешноста на луѓето кои работат во нив. Како Менаџмент Академија, нашата мисија е да обезбедиме високо квалитетен развој на капацитетот на организациите кои својот пораст го гледаат преку професионалниот развој на нивните луѓе.

Услуги

Менаџмент Академијата е дел од Трајковски & Партнери Консалтинг кој е посветен на менаџментот и потребите за професионален развој на:

  • Менаџери и професионалци од Секторот за мали и средни претпријатија и Јавниот сектор
  • Менаџмент консултантите
  • ИТ менаџерите и професионалците
  • Проектни менаџери, професионалци, асистенти и вработени во интернационални организации за развој

Менаџмент Академијата на Т&П нуди 4 вида на обуки:

Како дел од нашата Менаџмент академија, во 2015, ја формиравме е-Академијата која покрива различни области на онлајн обуки.

Нашата Менаџмент Академија е посветена на обезбедување на најдобри можности за професионален развој на човековиот капитал на организациите, со што на истите им се овозможува да бидат конкурентни на динамичниот пазар. Ние ги дизајнираме нашите програми врз основа на препораките од ISO 10015 стандардот, кои ја анализираат организациската успешност и идентификуваат можности за нејзино подобрување преку зајакнување на вработените.

Нашите обуки опфаќаат различни теми, како што е преставено на сликата, но оваа листа не е конечна со оглед на тоа што го креираме тренингот заснован на вашите потреби и имајќи ја во предвид бескрајната листа на наслови и поднаслови кои и овозможуваат на вашата организација да се здобие со бараните вештини и компетенции.

Темите на обуките се базираат на најдобрата светска практика и на одредени полиња на специјализација кои се бараат од страна на конкурентните менаџери и професионалци.

Т&П Менаџмент академијата испорачува „готови (off-the-shelf)“ и „специјално дизајнирани по барање“ работилници.

Каталог на обуките на Т&П може да најдете на следниов линк: Каталог на обуки.

Обуките на кои ќе се фокусира Т&П во следниот период се претставени во делот за  Стратешки насоки на Менаџмент Академијата како и подетално во каталогот на обуки.

За повеќе детали за Менаџмент академија погледнете ја Личната карта на Т&П Консалтинг за Т&П Академија

Мисија на одделот на Т&П за Менаџмент консалтинг

Да ги зајакнеме организациските капацитети – нивните главни вредности, визија, стратегија, односи со клиентите, луѓе и продукти – со еден збор да ги поддржиме нашите клиенти во патот до нивниот успех помагајќи им да ги воведат најдобрите светски пракси и стандарди.

Историја

Со цел да одговори на се почестите и брзи промени на пазарот и да овозможи само – одржливост на своите клиенти, Трајковски & Партнери ги разви своите консултантски услуги во насока на:

  • Искусен, непристрасен глас кој ќе ги предизвика вашите погледи на важните проблеми во бизнисот
  • Советување за трансформација на вашите деловни процеси со цел да ги подобрите перформансите, квалитетот и профитот
  • Воспоставување на иновативен менаџмент
  • Идентификација на можностите во информатичката технологија
  • Раст и развој преку имплементација на интернационалните стандарди и најдобри пракси
  • Успешен развој и имплементација на стратегии
  • Оценка и зајакнување на придобивките од инвестициите во ИКТ решенијата
  • Успешен развој и имплементација на менаџмент стратегија
  • Анализа на работната сила
  • Ефективен проектен менаџмент за вашите проекти

Трајковски & Партнери Менаџмент Консалтинг е посветен на трансфер и адаптација на најдобрите светски пракси поврзани со имплементација на интернационални стандарди, подобрување на деловните процеси, проектен менаџмент, стратешко планирање, при тоа обезбедувајќи развој за нашите клиенти преку иновативноста и технологијата.

Услуги

Менаџмент Консалтинг е дел од Трајковски & Партнери Консалтинг кој е посветен на менаџментот и потребите за професионален развој на:

  • Приватни компании: микро компании и мали и средни претпријатија (МСП)
  • Јавни институции
  • Невладини организации

Имајќи го ова во предвид, ние ги развивме следните услуги со цел да понудиме решение за потребите на нашите клиенти.