Име: Имплементација на новиот Закон за заштита на лични податоци
Клиент: Никоб Медикал и Никоб Лаб
Времетраење/период: 4 месеци, Декември 2021 година - Април 2022 година
А1. Изработка на акциски план за имплементација на Законот за заштита на лични податоци.
А2. Изработка на шаблон за Евиденцијата на операциите во рамки на компанијата во кои има обработка на лични податоци и пополнување на истиот.
А3. Подготовка на документацијата од системот за заштита на лични податоци согласно одредбите од новиот Закон и подзаконски акти.
А4. Анализа на ризици на средства во компанијата.
А5. Вршење на проценки на влијанието на заштитата на личните податоци за операциите во компанијата во кои има обработка на посебни категории на лични податоци.
А6. Изработка на анализа за целите за кои се поставува видеонадзор.
А7. Спроведување обука за подигање на свеста на вработените и запознавање со концептите на заштита на лични податоци и обврските на вработените за заштита на личните податоци кои ги обработува организацијата.
А8. Вршење на една периодична контрола заради следење на усогласеноста со прописите за заштита на лични податоци и со донесената документација за технички и организациски мерки.