Денес, на 29.10.2021 беше одржана последната обука за заштита на лични податоци за вработените во АЕК кои се вклучени во обработката на лични податоци во нивната организација.
Во текот на изминатите 2 недели консултантскиот тим на Трајковски и Партнери одржа повеќекратни обуки во рамки на проектот „Усогласување на под законската регулатива на АЕК со Законот за заштита на лични податоци“.
Обуките кои беа тематски организирани за вработени од различни сектори во Агенцијата за електронски комуникации на наше големо задоволство беа посетени од над 100 вработени и во рамки на обуките беа отворени плодни дискусии од областа на заштитата на личните податоци.