28 Јануари – Ден на заштита на личните податоци
Личните податоци на физичките лица ширум светот се обработуваат секоја секунда – на нивните работни места, за нивните потреби во рамки на државните институции, во областа на здравството и здравствената заштита, исто како и при купување и нарачка на производи или услуги или пак при користење на интернет и патување.
Физичките лица, генерално не се доволно запознаени со ризиците кои се поврзани со заштитата на нивните лични податоци и со правата кои тие ги имаат во овој поглед. Тие, многу ретко се свесни што треба да преземат доколку нивните податоци се разоткриени преку неовластен пристап или пак има друг вид на нарушување на безбедноста на нивните лични податоци и која е улогата на државните агенции за заштита на лични податоци.
На 26 април 2006 година, Советот на Европа, одлучи да го прогласи 28 јануари за Ден за заштита на личните податоци. Денеска овој ден се одбележува низ целиот свет, а познат е и под името „Ден за заштита на приватноста“.
Применувајте ги мерките за заштита на вашите лични податоци и почитувајте ја приватноста!