T & P
Одржана Инфо сесија за новиот Закон за заштита на личните податоци
октомври 28, 2021

На 20.10.2021 Трајковски и Партнери одржа Инфо сесија за имплементација на новиот Закон за заштита на лични податоци во претпријатијата.

Инфо сесијата се организираше преку Zoom платформата, со поддршка на Комората на мал бизнис и на наше големо задоволство беше посетена од над 30 членки на Комората,преставници на бизнис секторот од различни дејности.

На инфо сесијата беа презентирани новитетите од Законот и обврските на контролорите во однос на усогласување со одредбите од законот, по што се разви дискусија околу предизивиците со кои се соочуваат компаниите при имплементацијата.